5. јули 2007. - Новото CD на Тоше Проески за македонскиот и балканскиот пазар е комплетно снимено, и деновиве во Загреб, под будното око на Никша Братош, се работи финалниот микс. Албумот е целосно реализиран во хрватската престолнина, изземајќи ги вокалите за песните на македонски јазик, кои се снимени во скопското студио на Аворд продукција. Како што не извести неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, албумот ќе биде пуштен во продажба штом ќе биде испечатен во австриската фабрика на Сони, но до официјалната медиумска промоција ќе треба да причекаме до крајот на ова лето...Албумот содржи вкупно 14 композиции, од кои 10 се сосема нови, додека четири се бонус песни: Остала си увјек иста (во чест на Ѓорѓе Новковиќ), Волим осмјех твој, Вежи ме за себе (Хрватски Радиски фестивал 2007) и Срце није камен (ХРФ 2006). Освен новото CD, комплетно е готово и DVD од концертот во Белградска Арена, кое исто така наскоро треба да биде објавено – потенцира Петровиќ.
Паралелно со исчекувањата на новите изданија, наскоро во ТВ-етерот ќе биде лансиран и спотот за песната Волим осмјех твој...
И, уште нешто. Тоше деновиве е на годишен одмор во Израел, земја која одамна сакал да ја посети. Во оваа древна земја собира сили за свои нови музички победи, и секако, за промоцијата на новиот албум, која ќе уследи веднаш по годишните одмори...